М-НАВ ќе ја подобрува безбедноста на воздушниот сообраќај
Ќе се обезбеди двојно погоем капацитет на контролата на летање и поголема безбедност. Старата апаратура ќе се заменува со нова. Со спроведување на тендерската постапка се зголемува првично предвидената сума за набавка на новата опрема.
Со набавка на опрема вредна над 13 милиони евра ќе се подобрува безбедноста на воздушниот сообраќај над земјава. Ќе се обезбеди двојно погоем капацитет на контролата на летање и поголема безбедност. Старата апаратура ќе се заменува со нова. Со спроведување на тендерската постапка се зголемува првично предвидената сума за набавка на новата опрема.
Оваа набавка ќе го подобри сето она што значи зголемена безбедност во воздушниот сообраќај. Станува збор за радари, опрема за комуникација, метео- опрема и АТМ- системи, истакна министерот за транспорт и врски, Сугарески.
Николче Тасевски, претседател на Управниот одбор и еден од директорите на Македонската навигација, вели дека со новата опрема ќе може да се контролираат до 2.500 прелети на ден. Според него, Македонската навигација работи успешно во однос на финансиската состојба, како и во обемот на прелети каде во август се реализирани рекорден број од над 930 прелети на ден.
