6 милиони луѓе во Бразил немаат вода за пиење

16.02.2014 12:37

Вкупно 142 градови во 11 сојузни држави во Бразил воведоа рестрикции на снабдување со вода поради сушата, што е една од најсериозните во последната неколку децении.

Од режимот на снабдување со вода се зафатени шест милиони луѓе.

Во некои делови на градот Иту во сојузната држава Сао Паоло жителите добиваат вода само 13 часа на секои три дена.

Годинава поради долготрајниот топлотен бран што зафати неколку сојузни држави во Бразил, потрошувачката на вода е зголемена за 30 проценти, што доведе до воведување на рестрикции.