Компаниите бараат брз поврат на ДДВ и помали казни

02.10.2017 15:55

Брз поврат на ДДВ и помали казни, регулирање на практикантството- барање од малите и средните претпријатија. Преку анкета детектирани проблемите...

Законско регулирање на практиканството, намалување на глобите и укинување на двојните казни, брз поврат на ДДВ бараат малите и средните претпријатија. Детектирани се над 60 проблеми со кои се соочуваат компаниите.

За подобро спроведување на регулативата е предвидено на компаниите да им се доделува и финансиска поддршка за консултанти.

И покрај падот на индустриското производство, бизнис-секторот очекува подобрување на економската состојба.

 

Сунчица Николоска