Димитров: Не е соодветно да ни се оспорува идентитетот
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, смета оти е непримерно од соседната земја да ни го оспорува идентитетот. Вели дека земјава гради нов имиџ, очекува безусловна препорака за членство во Унијата...

„Важно е да се гледа напред, а од процесот на преговори за решавање на спорот со името да се извлече надвор идентитетското прашање“- рече министерот за надворешни работи Никола Димитров презентирајќи го отчетот за сработеното во првите 100 дена. На Грција ѝ пречат мапите во кои Македонија зафаќа делови од Грција, рече Димитров.
Димитров смета дека за 100 дена работа наметнал нов имиџ на земјава во обновување на дијалогот со соседите, но и со партнерите на Македонија, по што очекува чиста и безусловна препорака за членство во Европската унија.
Македонија мора да го фати возот со оние кои се пред нас, вели министерот за надворешни, апострофирајќи дека приоритет останува членството во Унијата и НАТО алијансата.
Миле Ристески
