Касами: Технолошки паркови и економски инкубатори за развој на Тетово
Технолошки паркови и економски инкубатори за развој на Тетово – ветување на лидерот на движењето БЕСА и кандидат за градоначалник Касами, пред жителите на Мала Речица.

Проект за изградба на училиште во Мала Речица, развој на Тетово со технолошки паркови и економски инкубатори најави Билал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово и претседатал на „Движењето Беса“. Тој својата програма ја претстави пред пред жителите на Мала Речица. На митингот рече оти им забележува на досегашните власти кои не направиле напори од буџетот да се одвојат пари за да се изгради училиште.
„Има конкретни проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните, преку технолошки паркови и економски инкубатори ќе се развива економијата во општината. Економските инкубатори, подразбираат дека оние што имаат идеи, особено печалбарите, ќе дојдат тука, а сите административни и правни постапки ќе им ги завршат луѓе ангажирани од општината. Доволно е само тие да дојдат со своите идеи. Ќе имаат гарантирана канцеларија. Ќе имаат гарантирани постапки. Доволно е тие да продолжат со развојот на нивниот бизнис ваквите поволности ќе важат за период од три години со надеж дека потоа отворените бизниси ќе бидат успешни и ќе немаат потреба од поддршка од општината. Сите албански општини, во кои ќе ја добиеме довербата на граѓаните, уште во првиот мандат ќе чувствуваат промени за нов албански живот. Даночните обврзници заслужуваат да бидат еднакви“, изјави Касами.
Со нашето доаѓање на чело на општина Тетово ќе го решиме проблемот со отпадот – рече Касами. Според него, жителите на Тетово и целиот полошкиот регион години наназад живеат окружени со отпад, се гушат од чадот на депонијата, а никој не преземал конкретни мерки проблемот да се реши.
Наташа Јанчиќ
