Исламска држава презеде одговорност за нападот во Лас Вегас
02.10.2017 17:04
ИД тврди дека извршителот на нападот пред неколку месеци преминал во Ислам, но не посочи докази за ваквото тврдење.

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот напад во Лас Вегас, при кој, според последните податоци, загинаа 50 лица, а најмалку 406 се повредени.
ИД тврди дека извршителот на нападот пред неколку месеци преминал во Ислам, но не посочи докази за ваквото тврдење.
Полицијата како извршител на нападот го идентификува 64-годишниот белец Стивен Педок, кој се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот Менделеј Беј, од каде тој стрелаше врз присутните на музичкиот фестивал во Лас Вегас.
