Лас Вегас: Расте бројот на жртви и повредени

03.10.2017 10:25

Исламска држава презеде одговорност за масакрот и тврди дека Педок пред неколку месеци преминал во Исламот.

Бројот на жртвите од нападот во Лас Вегас се зголеми на 59, а 527 се повредени. Истражителите нашле големо количество оружје и експлозив во домот и во хотелската соба на напаѓачот Стивен Педок во Невада. Исламска држава презеде одговорност за масакрот и тврди дека Педок пред неколку месеци преминал во Исламот.

„Уверени сме дека Педок дејствувал сам. Познати ни се шпекулациите на медиумите дека постоел и соучесник. Но засега немаме доказ за тоа. Спроведуваме темелна истрага“, изјави Тод Фасуло, заменик-шериф во Невада.

64-годишниот мултимилионер и коцкар отвори оган кон посетителите на фестивалот за кантри музика „Рут 91 харвест“ во Лас Вегас. Изрши самоубиство пред полицијата да влезе во хотелската соба. За Соединетите Американски Држави, овој напад е најсмртоносниот во последните 25 години.