Османи во посета на Косово

03.10.2017 10:48

Османи прво ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, потоа со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, како и со премиерот Рамуш Харадинај. Предвидена е и средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.

Заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово, во рамки на која ќе има средби со косовскиот државен врв, соопшти СЕП.

Османи прво ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, потоа со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, како и со премиерот Рамуш Харадинај. Предвидена е и средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.

На средбите ќе бидат отворени прашањата за меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, регионалните инцијативи за соработка, како и европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.