Шпанија: Рахој сака соработка со други партии

03.10.2017 10:49

Премиерот Маријано Рахој изрази подготвеност да ги разгледа предлозите за одговор на каталонското прашање, а на официјален Брисел му се заблагодари за поддршката на уставниот поредок на Шпанија.

Шпанската Влада сака соработка со другите политички партии околу независноста на Каталонија откако беше одржан забранетиот референдум за отцепување од Шпанија, на кој 90% гласале за самостојност.

Премиерот Маријано Рахој изрази подготвеност да ги разгледа предлозите за одговор на каталонското прашање, а на официјален Брисел му се заблагодари за поддршката на уставниот поредок на Шпанија.

Според активистот за независност Жорди Вера, милиони гласачки ливчиња биле тајно печатени во Франција, а потоа прошверцувани преку граница.