Владата ќе расправа за исполнувањето на обврските од Планот 3-6-9
Пред владините министри ќе се најде и информацијата од состанокот на поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој, меѓу Европската унија и Република Македонија, што го проценува напредокот на државава во процесот на приближување на стандардите кон оние на Унијата.

На владината седница ќе биде разгледана информацијата за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција и динамиката на исполнувањето на обврските од Планот 3-6-9.
Пред владините министри ќе се најде и информацијата од состанокот на поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој, меѓу Европската унија и Република Македонија, што го проценува напредокот на државава во процесот на приближување на стандардите кон оние на Унијата.
На седницата е и информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2016-та година, информираат од прес- службата на Владата.
