САД: Кубанската амбасада да го намали персоналот
03.10.2017 11:16
По мистериозните напади врз американските државни службеници во Куба, кои предизвикаа оштетување на нивниот слух, рамнотежа и вид, Белата куќа минатата недела го намали својот персонал во Хавана.

САД ќе бараат од Куба да намали 60% од својот персонал во амбасадата во Вашингтон. По мистериозните напади врз американските државни службеници во Куба, кои предизвикаа оштетување на нивниот слух, рамнотежа и вид, Белата куќа минатата недела го намали својот персонал во Хавана.
Според американските медиуми, целта не е да се казни Куба, туку да се гарантира дека двете страни имаат реципрочен број дипломати.
