Кери: Kлиматскиte промени - потенцијал за масовно уништување
Климатските промени може да станат најстрашно оружје за масовно уништување во светот, затоа се неопходни итни мерки за борба против глобалното затоплување, предупреди американскиот државен секретар Џон Кери.

Во говорот пред индонезиските студенти, претставници на власта и граѓанското општество во Џакарта, Кери ги спореди оние кои го негирааат постоењето на овој феномен со луѓето кои инсистирале дека Земјата е рамна.
Според него таквите луѓе користат непроверени научни податоци со цел да ги одложат неопходните мерки за намалување на емисијата на штетни гасови со ризик да ја стават целата планета во голема опасност.
- Едноставно немаме време да дозволиме малите гласни лоби групи да го дефокусираат дијалогот за климатските промени, истакна американскиот дипломат.
Според него цената за неактивноста ги надминува трошоците за намалување на стаклените гасови, кои се главен виновник за зголемување на температурата на Земјата.
