Франција: Парламентот гласа нов антитерористички закон

03.10.2017 11:48

Планирани се нови мерки за вонредната состојба која беше продолжена неколку пати поради серијата напади во земјата.

Францускиот парламент ќе гласа за нов антитерористичкиу закон, два дена откако на железничката станица во Марсеј беа убиени две жени од член на Исламска држава. Планирани се нови мерки за вонредната состојба која беше продолжена неколку пати поради серијата напади во земјата.

Одредбите предвидуваат можност без контрола да се стави осомничен во куќен притвор, проширување на овластувањата за проверка на идентитетот околу станиците, и во радиус од 20 километри околу пристаништата и аеродромите.