Чичаковски: Партиите да престанат со инцидентите

03.10.2017 13:17

Порача дека насилството може само да им донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски упати апел до политичките партии итно да престанат со инцидентите. Порача дека насилството може само да им донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.

Кандидатите за градоначалници и советници, како и политичките партии кои тие ги претставуваат, укажува Чичаковски, потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, со што се обврзаа дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење, и дека ќе придонесуваат за демократски развој на општеството.

Во име на ДИК, ги повикува надлежните институции да ги расветлат немилите инциденти и да ги казнат сторителите, а сите политички партии да придонесат кон смирување на страстите.