Формирана Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности
Евентуални прекршувања во изборната кампања може да пријават граѓани, невладини организации или политички партии, вели претседателот на Комисијата, Џелал Бајрами.

Комисија од пет члена и претседател во рамките на Јавното обвинителство ќе го следи изборниот процес и денот на изборите, и доколку има индиции ќе отвори предмети за изборен прекршок.
Евентуални прекршувања во изборната кампања може да пријават граѓани, невладини организации или политички партии, вели претседателот на Комисијата, Џелал Бајрами.
Комисијата ќе постапува и по допрен глас, а ќе соработува и со полицијата за расветлување на случаите.
Вчерашниот инцидент со кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, не бил пријавен во Обвинителството, но како што информираше Бајрами, во соработка со МВР доколку има индиции, случајот соодветно ќе биде процесуиран.
