„Џонсон Мети“ од Македонија меѓу 100-те компании со најголеми приходи во ЈИЕ во 2016-та
„Џонсон Мети“ забележа скок на регионалната листа од седум места, од 24-то во 2015-та година, на 17-то место на рангирањето за минатата година.

„Џонсон Мети“ е единствената компанија од Македонија рангирана меѓу првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016-та година во Југостична Европа.
Во рангирањето „Топ 100 компании од Југоисточна Европа“ што го подготвува „SeeNews“ се наведува дека компанијата ги подобрила своите перформанси, забележувајќи 12 процентен раст на вкупниот приход. „Џонсон Мети“ забележа скок на регионалната листа од седум места, од 24-то во 2015-та година, на 17-то место на рангирањето за минатата година.
На рангирањето на 100 најголеми банки во ЈИЕ, застапени се пет банки присутни во земјава, додека пет осигурителни компании од Македонија исто така се дел од стоте најголеми во регионот.
Во извештајот се наведува дека растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа во 2016-та година.
„SeeNews“ веќе десет години го објавува ова рангирање.
