Пет лица повикани на разговор за инцидентот во Шуто Оризари

03.10.2017 14:24

На разговор се повикани пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази.

По добиената пријава за синоќешниот инцидент во Шуто Оризари, полицијата презеде мерки за расчистување на кривично-правниот настан, информираат од МВР. На разговор се повикани пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази.

Министерството најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран, соопштуваат од МВР.