Продолжуваат протестите во БиХ
16.02.2014 13:08
Во повеќе градови низ Босна и Херцеговина денеска продолжуваат протестите на незадоволни граѓани против власта на улиците.

Граѓански работни групи за секоја област се задолжени да состават барања кои ќе бидат понудени на властите за надминување на кризата во Федерацијата, која е најтешка по војната во 1995 година.
За денеска протести се најавени во Сараево од 12 до 14 часот, во Мостар во 16 часот, а протести ќе се одржат и во Тузла и Зеница.
Досегашните протести резултираа со оставка на премиери на четири кантони и над 40 министри.
Протестите се одржуваат со барање за смена на власта на сите нивоа, но и за укинување на привилегиите на политичарите.
