Шведска златна и во Ванкувер
Шведска го одбрани приматот од Ванкувер и го освои шестото злато во штафетните трки 4х10 километри.

Со тројца славеници и од пред четири години, Швеѓаните беа неприкосновени и во Сочи, триумфирајќи убедливо во „кралската“ дисциплина на скијачкото трчање. Ларс Нелсон, Даниел Рикардсон, Јохан Олсон и Маркус Хелнер немаа конкуренција и откако во најголем дел од натпреварот имаа соло-трка, забележаа резултат за 27 секунди подобар од оној на Русија.
Дмитриј Јапаров, Александар Бесмертни, Александар Легков и Максим Виљежанин пред очите на претседателот Путин го заслужија првиот трофеј за својата земја во штафетите по распадот на поранешниот СССР, додека сензација беше бронзата на Франција.
Жан Марк Гаљар, Морис Мањифика, Робин Дувијар и Иван Перија Боито задоцнија 32 секундии и изненадија повеќе од фаворизираните селекции. Апсолутно разочараа Норвежаните, катастрофален настап имаа Ренинг, Јесперсен, Сундби и Нортуг и завршија четврти, без медал, вторпат на последните три олимпијади. Последното злато Норвешка го има уште во далечната 2002.
