Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани

04.10.2017 09:12

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Чучер Сандево и митинзи во Шуто Оризари, Бутел и во Ѓорче Петров. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Могила и Новаци и митинзи во Ресен и во Битола.

Партиите, коалициите и независните кандидати и денеска на митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места, ги претставуваат изборните програми за локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Чучер Сандево и митинзи во Шуто Оризари, Бутел и во Ѓорче Петров.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Могила и Новаци и митинзи во Ресен и во Битола.

Движењето Беса, пак, најави собир со жители во Боговиње.

Кампањата за првиот изборен круг почна на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.