13.580 барања за обештетување од невреме
Годинава од доцните пролетни мразови беа погодени земјоделските површини во 32 општини. Штети имаше и лани и тоа во 14 општини кога што најмногу настрадаа овошните насади во Ресен. Постапката сѐ уште трае а по проценката на штетите од страна на комисиите, на терен треба да излазе и Бирото за судски вештачења.

Бирото за судски вештачења, ќе треба да изврши проценка на 13.580 барања за проценка на штетите од настанати од временките непогоди, односно од доцните пролетни мразеви од април годинава.
Барањата се од 32 општини за скоро 50.000 катастерски парцели, за кои подрачните единици на Министерството за земјоделство, утврдиле дека кај земјоделските култури има штети од невреме.
Бирото треба да подготви извештаи со проценка за настаната штета во денари, поединечно за секој барател.
Добиените извештаи, ќе бидат испратени за исплата до Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која што за секој барате ќе изготви решение за исплата за настанатата штета или ќе испрати известување доколку не ги исполнува условите за обезштетување.
Методија Трајков
