Лас Вегас: Властите откриле 47 парчиња оружје на убиецот
04.10.2017 10:33
Според извор на СИ-ЕН-ЕН, Падок го собирал својот арсенал оружје повеќе од 20 години, а непосредно пред нападот префрлил 100.000 долари на сметка на Филипините.

Масовниот убиец во Лас Вегас поседувал 47 парчиња огнено оружје на три различни локации, вклучително и во неговата хотелска соба и во домот. Полицијата соопшти дека Стивен Падок инсталирал две камери пред неговата хотелска соба за да го следи движењето на полицајците.
Според извор на СИ-ЕН-ЕН, Падок го собирал својот арсенал оружје повеќе од 20 години, а непосредно пред нападот префрлил 100.000 долари на сметка на Филипините.
Од истрагата сакаат да ја испитаат пријателката на Падок, Мерил Денли, која на денот на масакрот била во странство, а вчера пристигнала на Филипините.
