Руската авијација уништи команден штаб на Нусра Фронт
Руската воена разузнавачка служба откри на 3 октомври место и време на одржување состанок на раководството на Нусра Фронтот на чело со лидерот на групата Абу Мухамед Ел Џулани.

Руската авијација уништила команден штаб на терористичката организација Нусра Фронт, нивниот лидер е во критична состојба, а 12 команданти биле ликвидирани.
Руската воена разузнавачка служба откри на 3 октомври место и време на одржување состанок на раководството на Нусра Фронтот на чело со лидерот на групата Абу Мухамед Ел Џулани.
За уништување на таа цел руската авијација во Сирија испратила Су-34 и Су-35. Портпаролот на Mинистерството за одбрана на Русија додаде дека специјалните акции на МО на Русија за ликвидирање терористи вмешани во напад врз руски војници во Сирија ќе продолжат.
