Средба со Светска банка

Борисов, Заев и Рама ќе бараат финансиски модел за Коридорот 8

04.10.2017 12:01

Во декември договараме средба со Светска банка за изградба на Коридорот 8 на која ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, изјави Борисов.

До крајот на годинава премиерите на Бугарија, Македонија и Албанија ќе имаат средба со претставници на Светска банка за изнаоѓање финансиски модел за изградба на Коридорот 8, најави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Во декември договараме средба со Светска банка за изградба на Коридорот 8 на која ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, изјави Борисов на прес-конференција во Варна.

Според него ќе се бара модел за финансирање на патната и на железничката врска, што треба да ги поврзе трите држави.