Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направиja Софија и Скопје
04.10.2017 12:04
Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ, истакнува Борисов во изјава за „Труд“...

Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ, истакнува Борисов во изјава за „Труд“, одговарајќи на прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна, не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.
