Ал Абади: Заедничко управување со Киркук
04.10.2017 12:05
Главна цел на предлогот на Абади е да се реши спорот за мултиетничката и богата со нафта провинција Киркук.

Ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади повика за „заедничко управување“ со Киркук и со другите провинции, кон кои имаат претензии како негова Влада, под услов Багдад да е највисоката инстанца при таквото договарање.
Главна цел на предлогот на Абади е да се реши спорот за мултиетничката и богата со нафта провинција Киркук.
Курдските сили, познати како Пешмерга, презедоа контролата врз Киркук во 2014 година, кога ирачките војници се повлeкоа поради џихадистите од Исламска држава во Северен Ирак.
