Дудуш го осуди инцидентот во Шуто Оризари
Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво. Затоа јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите- вели кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш...

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, го осуди инцидентот што се случи завчера, во кој е повреден градоначалникот Елвис Бајрам и побара институциите професионално да си ја завршат работата.
„Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво. Затоа јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, не дозволувајќи настанот што се случи да поттикне натамошни тензии и инциденти“, се наведува во соопштението.
