Еврокомесарот Хан испратил мини- прашалник до Владата
Прашалникот треба да биде одговорен до 17-ти октомври, а одговорите ќе се користат како информативен материјал за најновиот есенски извештај на Комисијата, велат во Владата.

Канцеларијата на еврокомесарот Јоханес Хан испратила мини- прашалник на кој македонските министерства треба да одговорат до каде се со остварување на зацртаните обврски и реформи. Прашалникот треба да биде одговорен до 17-ти октомври, а одговорите ќе се користат како информативен материјал за најновиот есенски извештај на Комисијата, велат во Владата.
„Владата меѓудругото на вчерашната седница им препорача на сите министерства, до крајот на оваа недела да ги извршат ажурирањето на нивните обврски и динамиката на исполнување на активности предвидени во Планот 3-6-9, кои треба да бидат реализирани во период од шест месеци. Министрите на Владата беа информирани дека е добиено писмо со препораки за постапување по однос на мини- прашалник за секое министерство одделно, кое треба да послужи како информативен материјал за формирање на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на остварување на целта- враќање на препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија“, соопшти владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
