„Асахи“: Пјонгјанг забранува продажба на бензин

04.10.2017 12:37

Според извори на весникот, мерката е со цел обезбедување залихи на гориво...

Од крајот на септември е забранета продажбата на бензин на бензинските станици во Северна Кореја. Исклучоци се прават само за високи претставници на вјадејачката партија, владата, оружените сили и специјалните служби, објави јапонскиот весник „Асахи“.

Според извори на весникот, мерката е со цел обезбедување залихи на гориво откако во септември, Советот за безбедност на обединетите нации го ограничи извозот на нафта и нафтени деривати за Пјонгјанг. Советот со тоа ја санкционираше Северна Кореја за нуклеарната и ракетната програма.