Уште едно новороденче почина на Детската клиника

04.10.2017 14:44

На Детската клиника во Скопје, почина бебето кое пред три дена беше пренесено од Тетовската болница. Според лекарите причина за фаталниот исход е откажувањето на повеќе витални органи...

Новороденчето кое во критична состојба беше префрлено на скопската детска клиника, ја загуби битката за живот. Во саботата, во болницата во Тетово почина и неговата мајка. Здравствените власти треба да ја утврдат причината.

Од Гинеколошкото одделение во Тетово изјавија дека бебето било родено живо од триесетгодишната родилка која била хопситализирана во тешка состојба, поради високиот крвен притисок. Велат дека и била дадена соодветна терапија, но таа паднала во кома. Ова и била втора бременост.

Ова е уште е еден од низата случаи со смртни последици во здравствениот систем, во кои најголем дел се новороденчиња и деца. Во изминативе 90-ина дена, ова е 12-ти случај. Последниот беше на 21-ви септември кога за вечер починаа четири новороденчиња. Комисијата утврди дека персоналот ги почитувал сите медицински протоколи. Новороденчињата биле со мала тежина, предвреме родени, а мајките имале ризична бременост.

Александра Спировска