Прекршочни пријави за осум лица за тепачката во Шуто Оризари
Министерот соопшти дека против пријавените Ш.Д., Ф.Ф., Ј.С., Х.А., Х.М., Х.И., Е.Б. и А.М., СВР Скопје изготви записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а целокупниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Полицијата поднесе прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир против осум лица кои учествуваа во тепачката на 2-ри овој месец на ул. „Гвадалахара“ во населбата Шуто Оризари, при што беше повреден градоначалникот Елвис Бајрам, соопшти предмалку на прес- конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Министерот соопшти дека против пријавените Ш.Д., Ф.Ф., Ј.С., Х.А., Х.М., Х.И., Е.Б. и А.М., СВР Скопје изготви записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а целокупниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство – Скопје.
МВР е одлучно во намерата, а за тоа имаме достатичен капацитет да ги открие и согласно законите да ги процесуира сите вакви настани кои се закануваат да фрлат дамка врз претстојниот изборен процес, истакна Спасовски.
Министерот нагласи дека независно кој од која политичка партија доаѓа, кој чиј симпатизер е, за МВР единствено примарно ќе биде почитувањето на законите што ќе важат за сите подеднакво.
Спасовски апелираше до сите политички партии, како и до граѓаните да ги почитуваат демократските нормативни стандарди за мирни, фер и демократски избори.
