Серија земјотреси почувствувани во Пехчево и Кочани

04.10.2017 16:14

Епицентарот на земјотресите бил на шест километри западно од Пехчево...

Серија земјотреси, од кои најсилниот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани попладнево во 14 часот и 53 минути во Пехчево и Кочани, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресите бил на шест километри западно од Пехчево, а се почувствувани со интензитет од 3- 4 степени според Европската макросеизмичка скала.