Заложба за заштита на жените жртви на родово насилство
„Македонија заостанува зад воспоставените стандарди на достапни сервиси за заштита на жените жртви на родово насилство“ – кандидатките за градоначалнички од Скопскиот регион ќе се залагаат средствата за подобрување на состојбата да бидат вклучени во општинските буџети...

Со 1.200 нови случаи на годишно ниво, Македонија бележи висока стапка на семејно насилство. Но, не се води статистика ни за другите форми на насилство врз жените, велат од Националната мрежа. Во последните шест години се забележани повеќе од 20 убиства извршени од партнерот, со што се заостанува зад воспоставените стандарди за заштита на жените.
Оттаму, но и од Здружението на самохрани мајки, бараат соодветни специјализирани сервиси за жени и деца кои се подложени на насилството. Тие треба да се во сите плански региони во земјава.
И кај кандидатите за градоначалници во Скопскиот регион, доминира заложбата за спречување и заштита од насилството. Според нив, бараните мерки ќе бидат вклучени во општинските буџети.
Ана Јосифоска- Тодоровска
