ДУИ: Приоритет е граѓанинот
ДУИ бара нов мандат за Фатмир Изаири во Желино. Од партијата велат дека изминатите четири години покажал како се управува со оптшината. Имаат ветуваења и за подобар живот во Јегуновце...

Фатмир Изаири во изминативе четири години ја менаџираше општината како што треба, возвраќајќи им на граѓаните со добрина, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во Желино.
„Пред четири години на ова место јас ви реков дека на Желино и е потребен доктор за да заздрави општината и да функционира како што треба, затоа што градоначалникот и советниците се сервис на граѓаните. И не згрешивме. Со кандидатурата и мандатот на доктор Фатмир Изаири, општина Желино се менаџираше како што треба. Градоначалникот им возврати на граѓаните со добрина. Ве уверувам дека Фатмир Изаири ќе ја има поддршката од сите државни институции општината да има добра инфраструктура“, изјави Ахмети.
Свесен сум дека политичките елити немаат храброст како ДУИ да подржат идеја што води напред, додаде Ахмети.
„Сигурни сме со компромис може да се решава за сите важни политики за функционирањето на државата и затоа сме за дијалог, компромис, согласност. Никој нема потреба да се плаши од нас. Сигурен сум дека во овој мандат треба да се намали разликата и да се стопи мразот помеѓу двете најголеми заедници во Македонија“, нагласи лидерот на ДУИ.
На кандидатот за градоначалник, Фатмир Изаири приротет ќе му биде подобрувањето на квалитетот на живеење за сите граѓани.
„Општина со постојан економски развој, сигурен и чист амбиент, подобар живот и локално владеење, при што приоритет ќе биде граѓанинот. Главна задача за време на идното четригодишно владеење ќе бидат 18 милиони евра инвестиции во оштината. Ќе продолжиме со изградбата на водоводот кој веќе е во завршна фаза на изведба на пумпите за да го донесеме до првата станица од каде ќе се снабдуваат пет населени места и да продолжиме понатам“, изјави Изаири.
Кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце, Орхан Хамити, рече дека има визија за општина со развиена инфраструктура и економија.
„Професионална администрација, која ќе им служи на граѓаните, изградба на водоводната мрежа и канализација, како и една школска инфраструктура, која ќе ги исполни условите за добар развој на наставниот процес. Општината ќе менаџира со градежното земјиште и од трансферот на државното земјиште во приватно ќе бидат обезбедени дополнителни средства за реализација на споменатите проекти“, рече Хамити.
ДУИ ја поздрави одлуката на јавното обвинителство за повторување на судењето за „Монструм“, а шефот на изборниот штаб повика на мирен изборен процес.
Фиљана Кока
