Заев на средба со претставници на „Хуавеи“
Заев ги поздравил, како што стои во соопштението, намерите и еланот на „Хуавеи“ за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабрил таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата и со локалните самоуправи во земјава.

Претставници на кинеската информатичка и телекомункациска компанија „Хуавеи“ денеска на средба со премиерот Зоран Заев изразиле отворен интерес за интензивна соработка во областа на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Македонија, соопшти владината прес-служба.
Заев ги поздравил, како што стои во соопштението, намерите и еланот на „Хуавеи“ за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабрил таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата и со локалните самоуправи во земјава.
Од „Хуавеи“ го запознале премиерот со нивните потенцијали на глобално и на локално ниво, и ја потенцирале подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во Македонија, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.
