Продолжуваат изборните активности за локалните избори

05.10.2017 09:01

Изборниот карван на коалицијата предводена од СДСМ денеска е на средби со граѓани во Теарце, Брвеница и Јегуновце, а вечер ќе одржи митинг во Тетово. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посети Петровец и Чучер Сандево каде ќе оствари средби со граѓани, а митинзи ќе одржи во Кисела Вода и Центар.

Измина половина од кампањата за локалните избори. Се вжештува политичката борба во трката за гласовите на граѓаните.

СДСМ вечер ќе одржи митинг во Тетово. Претходно коалицијата  „Живот во Македонија“ ќе има средби со жителите на Теарце, Брвеница и Јегуновце.

Коалицијата  „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе митингува во скопските општини Кисела Вода и Центар, а претходно ќе има средби со жителите на Петровец и Чучер Сандево.

Демократската унија за интеграција најави партиски активности во Куманово и во Липково, а движењето БЕСА ќе ја презентира програмата пред жителите на Теарце.