Средба Димитров- Коѕијас во Солун

05.10.2017 10:40

Доколку Македонија и Грција сакаат во иднина да бидат партнери во Европската унија и НАТО треба уште отсега да се однесуваат така, нагласува македонскиот министер за надворешни работи Димитров, во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Во Солун на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, средба на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас. Доколку Македонија и Грција сакаат во иднина да бидат партнери во Европската унија и НАТО треба уште отсега да се однесуваат така, нагласува македонскиот министер за надворешни работи Димитров, во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Безбедносната и прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите за кои ќе разговараат министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија- Димитров, Коѕијас, Бушати и Захариева, на квадрилатералната средба во Солун.

Состанокот е на иницијатива на грчкиот шеф на дипломатијата. Целта на дипломатската средба е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји, кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализацијата.

Истовремено, овие земји беа соочени и со голема бегалска и мигрантска криза, чии последици се уште ги чувствуваат. Министрите ќе ги разгледаат можностите за подготвување заедничка позиција при решавање на тие прашања врз основа на европските вредности и добрососедските односи.