Учесниците на локалните избори да достават извештаи за трошоците

05.10.2017 10:47

Според роковникот, партиите се должни да отворат посебни жиро- сметки за избори, а најдоцна до денеска треба да поднесат и спецификација на приходите и расходите за првата половина од кампањата.

Учесниците на локалните избори имаат обврска за првите десет дена од кампањата до Државната изборна комисија, Државниот ревизор и до Комисијата за спречување на корупцијата, да достават извештаи за трошоците што ги имале досега.

Според роковникот, партиите се должни да отворат посебни жиро- сметки за избори, а најдоцна до денеска треба да поднесат и спецификација на приходите и расходите за првата половина од кампањата.

Партиите уверуваат дека ќе ги стасаат законските рокови, но не откриваат конкретни бројки.

Учесниците на локалните избори се должни до 14-ти октомври да поднесат и втор финансиски извештај за кампањата.

Во рок од 30 дена, пак, од затворањето на ваквата сметка, партиите треба да поднесат и конечен извештај и да го објават на својата веб- страница.