Независниот кандидат од Кичево им подлегна на повредите

05.10.2017 10:51

Абази беше нападнат од зад грб, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот...

Независниот кандидат за советник во општина Кичево, Алит Абази кој беше ранет пред 10-ина дена во Кичево, изутрината во 4 часот им подлегна на повредите, потврдија за МТВ од Министерството за здравство.

Абази во центарот на Кичево беше нападнат од зад грб, од 58-годишник од селото горно Строгомиште, додека бил со шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу кој исто беше мета на напаѓачот.

Абази неколку дена се наоѓаше во критична состојба на Одделот за интензивна нега на скопските клиники. Имаше сериозни повреди на абдоменалните органи и на р’бетниот столб.

Според МВР овој инцидент не е поврзан со кампањата и локалните избори. Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник Абази, веднаш беше уапсено, а подоцна доби и 30-дневен притвор.