Пентагон бара Конгресот да издвои 440 милиони долари за ракетна одбрана

05.10.2017 11:02

Дел од средствата се наменети за проекти кои се класифицирани како тајни, меѓу кои се и кибернетичките операции. Останатиот дел ќе биде наменет за развивање сили за пресретнување ракети стационирани на Алјаска.

Поради зачестените ракетни проби на Северна Кореја, Пентагон бара американскиот Конгрес да издвои дополнителни 440 милиони долари за ракетна одбрана.

Дел од средствата се наменети за проекти кои се класифицирани како тајни, меѓу кои се и кибернетичките операции. Останатиот дел ќе биде наменет за развивање сили за пресретнување ракети стационирани на Алјаска.

Во меѓувреме, и ЦИА најави план за засилена работа на американските агенти насекаде низ светот.