Гудман за нападот во Лас Вегас: Во прашање е болен и ирационален човек

05.10.2017 11:44

Во прашање е болен и ирационален човек, кој немал никакво право да го направи тоа што го направи, изјави градоначалничката на Лас Вегас за СИ-ЕН-ЕН.

Градоначалничката на Лас Вегас, Керолин Гудман изјави дека не и е јасно како напаѓачот кој отвори оган кон посетителите на кантри-фестивалот во Лас Вегас, се осмелил да пука кон недолжни луѓе. Во прашање е болен и ирационален човек, кој немал никакво право да го направи тоа што го направи, изјави Гудман за СИ-ЕН-ЕН.

Стивен Педок поставил камери во хотелската соба од каде што пукаше кон луѓето. Коцкарот исто така префрлил 100 илјади долари на сметка на Филипини. Полицијата пронајде големо количество оружје во неговиот дом.

Педок усмрти 59 лица, а повреди над 500, пукајќи од 32-тиот кат на хотелот Манделеј Беј. Уште 50 луѓе се во критична состојба.