Приведени државни службеници поради злоупотреба на субвенции
05.10.2017 12:01
Од МВР потврдуваат дека се приведени државни службеници, за кои по претходна истрага е утврдено дека ја злоупотребиле службената должност при распределба на субвенции.

Полицијата спроведува акција поради злоупотреба на службената положба и овластувањето при распределба на земјоделски субвенции.
Од МВР потврдуваат дека се приведени државни службеници, за кои по претходна истрага е утврдено дека ја злоупотребиле службената должност при распределба на субвенции.
Со полициска придружба се однесени во суд за да дадат искази. Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.
