Кралот на Саудиска Арабија во посета на Москва
05.10.2017 12:04
Се очекува двајцата лидери да дискутираат и за соработката во одбранбената индустрија.

Кралот Салман од Саудиска Арабија пристигна во Москва, што е прва посета на еден саудиски монарх на Руската држава. Тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, при што ќе разговараат за трговијата, економијата, инвестициите и конфликтите во Северна Африка и на Блискиот Исток.
Се очекува двајцата лидери да дискутираат и за соработката во одбранбената индустрија. Саудискиот крал треба да се сретне и со рускиот премиер, Дмитриј Медведев, при што се очекува да разговараат за некои економски прашања, вклучително и за поголеми инфраструктурни проекти.
