Квадрилатерална министерска средба во Солун

05.10.2017 12:48

Безбедносната и прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите за кои разговараат министрите за надворешни работи Димитров, Коѕијас, Бушати и Захариева, на квадрилатералната средба во Солун.

Во Солун на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, полчасовна средба на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас . Нема детали за што разговарале.

Доколку Македонија и Грција сакаат во иднина да бидат партнери во Европската унија и во НАТО, треба уште отсега да се однесуваат така, вели македонскиот министер за надворешни работи Димитров, во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Безбедносната и прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите за кои разговараат министрите за надворешни работи Димитров, Коѕијас, Бушати и Захариева, на квадрилатералната средба во Солун.

Во македонската делегација е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Состанокот е по иницијатива на грчкиот шеф на дипломатијата. Целта на дипломатската средба е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализацијата. Истовремено, овие земји беа соочени и со голема бегалска и мигрантска криза, чии последици се уште ги чувствуваат.

Министрите ќе ги разгледаат можностите за подготвување заедничка позиција при решавање на тие прашања врз основа на европските вредности и добрососедските односи.