Под истрага 24 лица за злоупотреба на субвенции

05.10.2017 13:13

Приведените лица се сомничат дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањата оштетувајќи ја државната каса за околу 220 илјади евра.

Под истрага се 24 лица за злоупотреба на договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата на субвенции. Јавното обвинителство во координирана акција со МВР.

Приведените лица се сомничат дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањата оштетувајќи ја државната каса за околу 220 илјади евра. Петнаесет од осомничените се вработени во Министерството за земјоделство и подрачните единици, а преостанатите се правни и одговорни физички лица- информираат од обвинителството.

Во предиодот 2011- 2016 година осомничените искористувајќи ги своите овластувања надвор од законот склучувале и раскинувале договори за закуп на земјоделско земјиште, но и одобрувале исплата на субвенции.

Обвинителството до судија за претходна постапка на Скопска единица поднесе предлог за определување мерка притвор за седум осомничени лица.