Изводи од матична евиденција од денеска на домашна адреса
Од денеска граѓаните на домашна адреса ќе ги добиваат изводите од матичната евиденција. За почеток ова ќе биде само во Скопје, а во наредниот период ќе важи и за другите градови. Заеднички проект на Македонски пошти и на Управата за водење матични книги.

Се олеснува процедурата за вадење Извод од матична евиденција. Скопјани на домашна адреса ќе добиваат извод од матичната книга на родени и на венчани. Со посебен систем се гарантира безбедноста на личните податоци.
Граѓаните може да аплицираат само за личен извод или за малолетно дете. При преземањето на домашната адреса, ќе мора да приложат личен документ за идентификација.
Оваа услуга засега им е достапна само на граѓаните на Скопје, а наскоро треба да биде достапна и во другите градови. Се размислува во иднина да може да ја користат и Македонците што живеат во странство. Овој проект е дел од Планот 3-6-9.
Ана Јосифоска- Тодоровска
