„Киненова“ од 6-ти до 11-ти октомври
05.10.2017 16:01
Од 6-ти до 11-ти октомври, „Киненова“ фестивал на дебитантски интернационални филмови. Ќе бидат прикажани 10 остварувања...

Идејата на фестивалот е да открие, промовира и афирмира нови филмски приказни од автори кои не и се доволно познати на светската јавност и да им се даде шанса за почеток на нивната кариера.
Специјален гостин, српскиот актер Жарко Лаушевиќ. За него - признание за особен придонес во филмската уметност. Во Македонија е после 20 години, земја за која вели дека го врзуваат убави спомени.
Во рамките на фестивалот ќе има и работилница за развој на сценарија за кратки филмови за македонските млади сценаристи, а ментор ќе биде Џон Стивенс.
Александра Спировска
