Министерска средба во Солун за иднината на регионот

05.10.2017 16:04

„За решение на она што не разделува, потребно е да се најдат работи што не поврзуваат“- министерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во Солун. Иднината на регионот- тема на состанокот на кој учествуваат владини претставници од Македонија, Грција, Албанија и Бугарија...

„Отворање нов прозорец на соработка е главната цел на состанокот во Солун“- изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На билатералната средба меѓу министрите за надворешни на Македонија и на Грција се разговарало за чекорите што треба да се преземат за позитивна иднина на регионот, како и за зајакнување на соработката. Во однос на прашањето за налепниците што грчките власти ги ставаат на македонските автомобили, Димитров изјави дека не го отвора поради различни ставови на двете земји.

„За да се реши прашањето што не разделува, треба да најдеме прашање кое што не поврзува“- изјави шефот на македонската дипломатија, Димитров.

Неговиот грчки колега Никос Коѕијас рече дека се надева дека во одреден момент ќе се создаде ситуација за содржајни разговори за името. Прашан- дали освен името на Македонија, Атина оспорува и други прашања како што се јазикот и нацијата, Коѕијас со одговор.

„Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања“- нагласи министерот за надворешни на Грција, Коѕијас.

Освен шефовите на македонската и грчката дипломатија, на состанокот во Солун присуствуваат и министрите за надворешни работи на Србија и на Бугарија. Во рамките на заедничката средба разговараа и за безбедносните прашања и за енергетиката.

 

Марија Котовска