БЕСА: Историска можност да се променат работите на подобро
Движењето БЕСА вечерва е на митинг во Теарце. Партијата имаше и претставување во Боговиње. Вети решавање на проблемите и побара поддршка од жителите...

Имате историска можност да ги промените работите на подобро - рече пред жителите на Боговиње, Минур Асани, кандидатот за градоначалник во оваа општина од движењето БЕСА. Под ја промовираше својата програма мотото „За еден нов живот“. Вети решение за напластените проблеми.
„На изборите на 15 октомври гласајте за живот, за вашите деца, за подобри институции, бидејќи во изминатите 15 години од страна на претходните власти беа приватизирани институциите. Ако годишно, општинскиот буџет имал три милиони евра, за 15 години тоа изнесува 45 милиони евра, а од нив нема никакви инвестиции за жителите. На овие избори, треба да се гласа за оние кои ќе се борат за иднината на сите граѓани, против криминалците и политизирањето на институциите, и кои ќе се жртвуваат за општината и за народот. Мене не ми требаат пари, и јас не сакам да живеам ниту еден ден ако не зборувам и не се борам за моите граѓани. Зборувајте искрено и со вашите блиски, роднини и пријатели, дека Беса е движење формирано од група луѓе кои не се заинтересирани за лични придобивки, туку имаат визија за национален развој во интерес на Албанците. Со мојата екипа ќе ставиме крај на дискриминацијата и зулумите од ДУИ, направени во изминатите 15 години во општината“, изјави Минур Асани, кандидат за градоначалник на БЕСА за Боговиње.
Тој го побара гласот на сограѓаните. Им рече оти на 15 октомври гласаат за програма која е во нивна корист, за програмата која ќе го подобри животот во општината. Ги повика присутните да го заокружат бројот 14 за нов живот.
Пред присутните на централниот собир на БЕСА во општина Боговиње зборуваа и претседателката на организацијата на жените од БЕСА, Њомза Имери Исмаили, членови на централното партиско претседателство и пратеници во Собранието од БЕСА.
Наташа Јанчиќ
