Бејта ги претстави плановите за Горна Бањица, Арифи за Липково

05.10.2017 16:10

Демократска унија за интеграција вечерва на собири во Куманово и во Липково. Претходно, кандидатот за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта се претстави во Горна Бањица...

Конечно ќе го решиме проблемот со канализацијаза отпадни води во Горна Бањица изјави на митингот во ова населено место, кандидатот за градоначалник на ДУИ, Невзат Бејта. Тој им ги претстави и новите планови што ги има за Гостивар.

„Им се заблагодарувам на жителите на Горна Бањица за тоа што изразија задоволство за реалзиацијата на проектите кои сме ги оствариле во изминатиот период во минатиот мандат. Ви ветив дека во овој мандат ќе реализираме проектот односно изградбата на канализација за отпадни води. Проектот е опфатен со нашата предизборна програма за 2017-2021. Преземаме одговорност да го асфалтираме патот што оди кон стадионот во селото и на сите патишта што го поврзуваат ова село со градот Гостивар. Ќе се погрижиме за осветлувањето како и за сите други работи што ќе бидат барања на жителите на Горна Бањица. Сигурен сум дека како и ветувањата од 2013 и овие ветувања што ви ги давам вам како жители на Горна Бањица и кои се опфатени со изборната програма ќе ги реализирам во новиот четиригодишен мандат“, рече Бејта.

Кандидатот за градоначалник на општина Липково, Еркан Арифи вети дека за жителите на Липково, ДУИ обезбедила програма која ќе може да се реализира во следните четири години, а која опфаќа капитални проекти.

„Ќе продолжиме со реализација на големите проекти преку соработката меѓу  месните заедници, граѓаните локалната власт и централната власт, како и преку соработката меѓу институциите од земјава и од странство за искористување на средствата од Светска банка, Европската иневстициона банка, амбасадите во земјава, ИПА фондовите и друго. Почнувајќи од годинава општина Липково ќе управува со државното градежно земјиште. Од трансформацијата на земјиштето од државно во приватно ќе бидат обезбедени дополнителни средства за остварување на голем број проекти“, изјави Арифи.

Арифи додаде дека до сега дуи во општината остварила проекти во вредност од 17 милиони евра. Тој посочи дека приоритет ќе имаат проектите за кои се изјасниле самите жители дека им се најважни.

 

Фиљана Кока